Веќе се напишани сите големи стихови
и затоа навечер спијам многу мирно
Но само јас знам дека ме нема
во ниедна стофа, ниеден страв
и ниедна врата нема мој клуч
Па понекогаш се будам навечер
и долго долго мислам

Обично спијам многу мирно
и тогаш мојата сенка спие со мене
Но само јас знам дека ме нема
па сенката со колено ме удира по грбот
и од мене се откинува
и тогаш се будам и будна
чекам да се врати

Понекогаш спијам многу мирно
но само јас знам дека ме нема
Се отпивам себеси од сите чаши
и сите срца што ги имам ме болат
и не можам да ги скријам сама без сенка
додека ми лута по маглите на еден далечен град
Сенката лежи на сите улици
и ги покрива нежно сите свои тела
и ми се враќа преморена и болна
и ми ги вади срцата со црните канџи

Само јас знам
и сета ноќ ми се распаѓа во рацете
и молчам зашто никој не се сеќава
и косата ми белее и лицето ми старее
и телото се ведне пред својата сенка
и никој не помислува
и никој не си спомнува
и небото пак се поклопува со своите луѓе
и пак ги покрива огледалата
и тивко се влече по улиците

Ретко спијам мирно
зашто само јас знам дека ме нема
и дека гробот празен ме чека да му паднам
ме чека да му паднам
ме чека да се вратам
знае дека ме нема
дека ме нема
и дека конечно
ни самата не останав сама со себе

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s