обид.за.песна II

I
молчи пред боговите –
вистината.
молчат пред лидерите –
боговите.
молчиме, пред се’ –
ние самите.

II
песната ми е ќафир најверен
ко зурла со нема фабула.
зборот се аби од долго молчење
а, јас ко јаз се грчам од постоење.

III
си ја гребам среќата на среќка.
често заборавам дека
главната награда ја зема
некој кој не го познаваме
ни ние, ни комшиите.
надвор дожди
внатре испарува.

IV
стапалата со земјата
си се странци.
ни ти со ти на ти не си.

V
бар еднаш
да се разбудев
во едно
од сите утра
на она
од утре

VI
се гасат сите светла
се газат сите светлини.
слатката рима е за среќници
среќата е за неверници.

VII
е несреќа
зашто не е
среќа.
и тоа е исто што
и пресреќа
што те среќава
кога не ја
сеќаваш.

Менување
се случува да не им ги знаат имињата
ни на сопствените улици.
побрза од утрешните новини,
вистината ни биднува од приватна во јавна.
и тогаш не е време за песни
и ништо што е значајно не е вечно;
ги читаме старите стихови,
а старите стихови ко историски факти
ни ги загризуваат душите.
една душа се закинала,
друга се раскинала,
закрпените градски булевари
се борат со пијаните стапала;
во такви времиња
највистинско е константното менување на вистината
и мирно спијат само оние
кои со неа се менуваат.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s